Познатата американска новинарка почина од коронавирус: Цел месец се бореше со болеста, па ја загуби битката

„Освен што беше одличен новинар, таа беше и жена со неверојатен дух“, рече нејзината колешка Сузан Зарински.

Марија Меркадер (54), водителка на Си Би Ес, почина од коронавирусот во Њујорк, пренесуваат странските медиуми. Таа, инаку се бореше со канцер цели две децении, а на крајот на февруари годинава беше на боледување и хоспитализирана од други причини.

Меѓутоа, како што се наведува, нејзиниот имунолошки систем поради претходното лекување „ја стави“ меѓу најризичните, па коронавирусот бил премногу за нејзиниот истоштен организам.

„Освен што беше одличен новинар, таа беше и жена со неверојатен дух“, рече нејзината колешка Сузан Зарински: „Беше дел од нашите животи. Дури и кога лежеше во болница ни се јавуваше да разговараме и да се бодриме меѓусебно. Имаше обичај да ни порача – го можеш тоа ти!. Ја нарекував ‘борец’. И беше борец. Ни беше драгоцена“, заклучи таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот