Позната француска актерка откри дека била жртва на инцест: Постојано се случуваше, никој не забележа

Фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Ѕвездата на филмот „Mission: Impossible“, француската актерка Емануел Беарт отворено проговори дека како девојче била сексуално злоставувана од близок роднина, пишуваат странските медиуми.

Во новиот документарен филм „Un silence si bruyant“ („Гласна тишина“), кој премиерно ќе биде прикажан на 24 септември во Франција, 60-годишната Беарт изнесе шокантни тврдења за инцестот.

Таа во реализацијата на филмот учествуваше и како режисер. Нејзината колешка Анастасија Микова, француско-украинска режисерка и новинарка која се занимава со контроверзни теми за човекови права, илегална имиграција и сурогат-мајчинство, на прес-конференцијата рече дека името на насилникот нема да биде откриено во документарецот.

Фото: Instagram/ mikova.anastasia

Сепак, беше потврдено дека не се работи за нејзиниот татко, познатиот пејач Гај Беарт. Наводната сексуална злоупотреба започнала кога Емануел имала само 10 години и продолжила до нејзината 14.

Актерката на прес-конференцијата за филмот призна дека на почетокот не се чувствувала удобно да разговара за нејзините ужасни искуства. Сепак, таа решила да проговори за доброто на другите жртви на инцест и да ја расветли нивната тешка борба.

„Нивната чесност и храброст ме натераа и самата да проговорам“,  рекла актерката.

Во филмот што ги прикажува приказните на неколку жртви на инцест, Беарт му се обраќа на насилникот: „Бидејќи татко ми, мајка ми и моите пријатели не забележаа ништо, можеше да го повториш тоа, и го правеше, четири години“.

Беарт, која се занимава со глума од 1972 година, зад себе има повеќе од 60 филмски и телевизиски улоги и има освоено бројни награди. Во првиот филм од франшизата „Mission: Impossible“ од 1996 година, во режија на Брајан де Палма, таа ја играше улогата на агентката Клер Фелпс, сопруга на корумпираниот агент кој го игра Џон Војт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот