Познат е датумот кога ќе се сретнат Путин и Јонг-Ун (ВИДЕО)

Извори на „RT“ велат дека на 25. април Владимир Путин и неговиот севернокорејски колега Ким Јонг-Ун ќе се сретнат во градот Владивосток, рускиот Далечен Исток. Тоа ќе биде прв состанок на двајцата шефови на држави.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, претходно потврди дека состанокот ќе се одржи пред крајот на месецот.

Претходните извештаи сугерираа дека лидери ќе се сретнат на островот Руски во близина на Владиславсток.

Пред кратко време се појави видео на кое се покажува голема поворка, вклучувајќи и две неидентификувани црни лимузини, кои пристигнуваат преку контролен пункт.

На снимката објавена на „YouTube“ е прикажан главниот влез во кампусот на „Far Eastern Federal University“ (FEFU) на островот Руски на Далечниот Исток на Русија.

Официјалната агенда на престојните разговори не е откриена, но се очекува лидерите да разговараат за безбедноста и за делуклеаризацијата на Корејскиот полуостров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот