Пожарот во Португалија под контрола, тревогата сè уште во сила (ВИДЕО)

epa08567810 Firemen fight a forest fire in Oleiros, Castelo Branco, centre of Portugal, 26 July 2020. The fire started the previous day in Oleiros and is being fought by 873 operational, 268 vehicles and 11 airplane. EPA-EFE/PAULO CUNHA

Во сила е забрана за палење пожари, а пристапот до шумите е ограничен. 

Повеќе од 850 пожарникари денеска го ставија под контрола големиот пожар во централниот дел на Португалија, откако во земјата беше воведена вонредна состојба поради голем ризик од нов пожар.

Пожарот од саботата гореше во Олеирос и се прошири во две соседни општини.

Неколку илјади куќи беа евакуирани, но засега нема извештаи за штети, додека се проценува дека изгореле околу 6.000 хектари шума.

Пожарникар на возраст од 21 година загина во сообраќајна несреќа за време на акцијата во градот Кастело Бланко, а повредени се седум лица, меѓу кои и еден цивил.

Португалската метеоролошка агенција ИПМА предупреди дека ризикот од пожари во повеќето делови на земјата е голем со оглед на температурата, која ќе достигне до 37 степени.

Владата прогласи тревога низ целата земја за денеска и утре.

Во сила е забрана за палење пожари, а пристапот до шумите е ограничен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот