Пожарот во атарот на штипското село Доброшани се движи кон Брегалница

Фото: МИА

Пожарот во атарот на штипското село Добршани оди во правец кон реката Брегалница. Градоначалникот на Штип, Сашко Николов, за МИА изјави дека благодарение на интервенцијата на пожарникарите огнот ги нема зафатено куќите, кои дел се и стари и напуштени.

– Немаме штета на објекти, ниту пак повредени во овој пожар. Во моментов девет пожарникари, заедно со командирот на ТППЕ-Штип, се во атарот на селото Доброшани и таму тие го гасат пожарот, рече Николов.

Во атарот на селото Криви Дол пожарот е локализиран, но на терен се триесетина припадници на АРМ, пожарникари од Штип со едно возило. Николов вели дека и на овој дел нема штети, а пожарот во близина на оваа село е локализиран рано утрото.

Овој активен пожар почна вчера попладнето од светиниколското село Богословец, каде што изгореа неколку напуштени куќи, земјоделска механизација, во текот на ноќта се префрли од другата страна на ридот и ги зафати атарите на светиниколското село Кадрифаково и на штипските села Криви Дол и Доброшани.

Изгорена е сува треба и има зафатено и површини со борова шума. Директорот на Центарот за управување со криз, Стојанче Анггелов на прес-конференција денеска посочи дека пожарот е настанат од искрење на електричен столб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот