ПОЖАР ВО БЛИЗИНА НА МАДРИД НАДВОР ОД КОНТРОЛА: Пожарникарите четири дена се борат со огнената стихија (ВИДЕО)

Фото: EPA / Emergency Services

Властите во Шпанија денеска објавиле дека планински пожар, кој пред четири дена избил во близина на Мадрид, и натаму не може да биде ставен под контрола.

Околу 500 пожарникари со поддршка на авиони го гаснеле и денеска пожарот на 60 километри западно од шпанската престолнина.

Шефот на противпожарната служба, Агустин де ла Херан, рекол дека падот на температурите во последните неколку дена дава надеж дека ќе успеат да го совладат пожарот.

Фото: EPA / ANGELES VISDOMINE

Меѓутоа, температурата во тоа подрачје и натаму изнесува околу 36 степени Целзиусови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот