ПОВТОРНО ВРИЕ ВО СИРИЈА: Жестоки судири меѓу сириската армија и бунтовничките сили поддржани од Турција

Сирија / Фото: EPA-EFE/AHMED MARDNLI

Сириските трупи влегоа во жестоки судири со борците поддржани од Турција во близина на пограничниот град Рас ал-Аин, што е голема закана за прекинот на огнот договорен во Русија, објави „Ал Џезира“.

Бунтовниците поддржани од Турција рекоа дека имало директни судири меѓу двете воени структури во изминатите денови во јужниот дел од градот, кој Турција го презема од сириските Курди претходно овој месец.

Според информациите од репортерот на терен на „Ал Џезира“, илјадници луѓе се евакуирале и бегале од судирите во градовите Рас ал-Аин и Тал Тамр.

Борците на опозицијата во Сирија поддржани од Турција – познати како Сириска национална армија (СНА), започнаа офанзива и преземаа делови од градот кои беа под контрола на Курдите.

Со интензивирањето на борбата, сириските трупи распоредиле засилувања од Дербасијах во Тал Тамр.

– СНА презема неколку делови на западот од градот. На луѓето им дојде преку глава од неколкуте преземања на градот, кои стануваа се полоши за локалното население. Загрижен сум за моите деца, затоа си одам – рекол еден жител на Тал Тамр.

Денес, американските сили патролираа на дел од границата меѓу Турција и Сирија, првпат откако Вашингтон ги повлече трупите од регионот претходно овој месец. Пет возила со американски знамиња се движеле северно од градот Кахтанија, регион кои делуваа пред повлекувањето.

Во меѓувреме, најмалку осум лица беа убиени кога автомобил-бомба експлодираше на фрекфентен пазар во северозападниот сириски град Африн, кој е под контрола на сириските бунтовници поддржани од Турција. Експлозијата повреди уште најмалку 30 лица.

Задничките турско-руски патроли требаа да започнат во вторникот на 10 километри во внатрешноста на Сирија, но турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека тие стартуваат во петок на самоседум километри, откако руска делегација три дена преговараше во Анкара за соработката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот