Повредениот Тунижанец кој уби полицајка во полициската станица во Рамбује почина
Тунижанецот кој денеска со нож уби службеник на влезот во полициската станица во Рамбује близу Париз, почина во болница затоа што беше тешко ранет при апсењето.
Француското обвинителство против тероризмот отвори истрага. Во последниве години, во Франција се случија напади со нож, особено против припадниците на безбедносните сили.
Премиерот Жан Кастекс го опиша нападот „како варварски чин на неопислива кукавичлук“.
Министерот за внатрешни работи ералд Дарманин ја посети полициската станица Рамбује на околу 60 километри југозападно од Париз.
Жртвата, службеничка во полициската станица, не била вооружена и излегла на пауза за ручек.
Напаѓачот, 36-годишен Тунижанец, и е познат на полицијата уште од претходно.