Повреден возач на патот Берово – Делчево, со возилото излетал од патот

Фото: Архива

Четириесет и петгодишно лице од пехчевското село Панчарево е повредено откако со своето возило излетало од регионалниот пат Берово – Делчево, кај селото Стар Истевник. Случајот го потврдија од делчевската полиција.

– На 15.06.2021 во 17:30 часот во полициската станица во Делчево е пријавена сообраќајна несреќа на возило „форд” со штипски регистерски таблички. Во несреќата со повреди се здобил возачот И.Д (45) од село Панчарево. Повредите настанале по излетувањето на возилото од коловозот на регионалниот патен правец Берово – Делчево кај делчевското село Стар Истевник, известија од полицијата во Делчево.
По несреќата  извршен е увид од страна на полициски екипи од Делчево, а повредениот со возило на Брза помош е транспортиран до Клиничка болница Штип на понатамошен третман.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот