Повреден велосипедист на Водно

Фото: МИА / илустрација

Во скопската полиција вчера утро е пријавено дека на крстосницата од булеварот „Мајка Тереза“ и улиците „Тодор Александров“, „Белградска и „Ацо Караманов“, патничко возило „пежо 207“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Д.(46) од Скопје удрило во велосипед, управуван од Х.М.(44) од Скопје.

Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот