Повреден пешак во Скопје

Фото: Илустрација

Еден пешак тешко повреден во една од осумте сообраќајни несреќи кои вчера се случиле на подрачјето на Град Скопје.

Во четири од сообраќајките четворица се здобиле со полесни повреди, а во три направена е материјална штета.

Според дневниот билтен на СВР Скопје, на подрачјето на Скопје изминатото деноноќие полицијата регистрира само едно нерегистрирано возило. Во текот на денот Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во рамките на проектот „Сообраќајна култура на децата во предучилишните установи” во ЈУДГ „25 Мај” објект„ Сонце ” на подрачјето на општина Гази Баба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот