Повозрасен прилепчанец загинал берејќи јаболка во двор

Македонска полиција / Фото: МИА

70-годишен жител на Прилеп загинал откако најверојатно паднал од јаболкница во двор од семејна куќа во селото Крстец, соопшти полицијата.

„На 27.09.2021 во 16.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во с.Крстец, прилепско, до дрво во дворно место од семејната куќа бил пронајден починат К.Т.(70) од Прилеп. Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт, а кај него биле забележани повреди, најверојатно при пад од дрво. Тој во текот на денот бил виден како бере јаболка од дрвото“, се вели во соопштението од МВР.

Увид на место извршила екипа од ОВР Прилеп, а по наредба на Јавен обвинител, над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот