Повеќето жени не се подготвени: Симптоми што укажуваат на почеток на менопаузата

Profimedia

Менопаузата е природна појава низ која поминува секоја жена кога ќе влезе во одредени години, а знаците можат да почнат уште околу четириесеттата година. Обично се јавува природно, најчесто по 45-годишна возраст. Менопаузата е специфичен и предизвикувачки период во животот на жената, како физички така и психички, како резултат на многубројните промени што се случуваат.

Повеќето жени не се подготвени за појавата на симптомите на овој синдром и се создава паника затоа што тоа го означува крајот на нивната плодност.

Иако симптомите се ненадејни и траат одредено време, сосема се природни.

Еве некои симптоми што укажуваат на почеток на менопаузата:

1. Нередовен циклус – е првиот и највообичаениот симптом на менопаузата. Тој е резултат на нестабилноста на хормоните на телото, кои работат до крајот на плодноста.

2. Валунзи – налети на топли бранови, а понекогаш дури и ладни валунзи, се случуваат одеднаш и предизвикуваат црвенило на лицето. Сето тоа се случува поради падот на естрогенот.

3. Непријатност при спиењето – жените што поминуваат низ менопауза може да страдаат од несоница, бидејќи не можат да спијат поради налетот на топлината. Покрај снабдувањето со естроген на телото, дури и снабдувањето со прогестерон опаѓа во периодот на менопаузата.

4. Сувост на вагината – поради намалување на производството на естроген, кој е одговорен за одржување на влажноста на вагината, вагиналното ткиво почнува да се суши и станува помалку еластично.

5. Напнатост и депресија – чувството на напнатост (тензија), раздразливост, иритираност и депресија може да ја совлада жената што поминува низ менопауза. Анксиозноста и чувството на губење на емоционалната стабилност се вообичаени симптоми, какви што се нападите на паника, и физичките знаци, каки што се забрзаното чукање на срцето и отежнатото дишење.

6. Болка во екстремитетите – поради хормоналната нерамнотежа, екстремитетите полека отекуваат и почнуваат да болат. Меѓутоа, ако болката станува сѐ почеста и неподнослива, треба да посетите лекар.

7. Хормонална нерамнотежа – чест симптом на влегување во менопауза е и постоењето на хормоналната нерамнотежа, што се рефлектира во промените во растот на косата. Поради намаленото производство на естроген може да дојде и до проретчување или губење на косата.

Други симптоми

– Болки во градите

– Потреба за почесто мокрење

– Емоционални промени

– Сува кожа, очи или уста

– Замор

– Депресија

– Забрзано работење на срцето

– Главоболки

– Болки во зглобовите и во мускулите

– Зголемување на телесната тежина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот