Повеќе од 50 илјади компании ќе згаснат доколку блокадата во Италија биде продолжена уште еден месец

Поради продолжувањето на блокадите на уште еден месец, угостителите ќе претрпат штета од од дополнителни 9 милијарди евра.

Во Италија повеќе од 50 илјади компании ќе стават клуч на врата, а 350 илјади работници ќе останат на улица поради одложувањето на отварањето на рестораните за први јануари, што ќе биде речиси три месеци од воведувањето на забраните за тргување поради вирусот ковид – 19, соопштува здружението на италијанските угостители „FIPE“.

„FIPE“ протестира поради мерките кои се однесуваат на таканаречената „втора фаза“ во Италија, а која дозволува само достава на храна бидејќи се оценува дека тоа нема да ги спаси баровите и рестораните, поради што многу од нив се осудени да затворат.

Поради продолжувањето на блокадите на уште еден месец, наведува „FIPE“, ќе биде предизвикана штета од дополнителни 9 милијарди евра, а вкупната загуба од почетокот на кризата ќе порасне на 34 милијарди.

Во Италија, најтешко погодена европска земја од Ковид – 19, по два месеци изолација, на 4.мај почнува втора фаза, а повеќе од 60 милиони граѓани ќе имаат повеќе слободно време во внатрешноста на регионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот