Повеќе од 110.000 заразени од коронавирус во Турција, од утре на сила најдолгиот полициски час

Истанбул, Турција / Фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

Во Турција во изминатите 24 часа се потврдени уште 2.357 случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени порасна на 110.130.

Во последните 24 часа починаа 99 лица, а вкупниот број на жртви моментално е 2.805, покажуваат денеска објавените податоци на Министерството за здравство.

Турција е земја со најмногу заразени надвор од западна Европа и САД, напоменува Ројтерс.

Досега излечени се 29.140 луѓе. Во Турција од утре е на сила четиридневен полициски час, најдолг досега.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот