Поведена постапка за кражба во Гостивар

Против 43-годишна жителка на Гостивар, Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог за кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.

На 11 јануари, обвинетата застанала во ред за банкомат зад една оштетена која повлекувала пари. При обидот да повлече пари клиентката, банкоматот задоцнил, па сумата од 15 000 денари ја исфрлил со задоцнување. За тоа време оштетената се оддалечила, а обвинетата веднаш зад неа ги зела парите и наместо да пријави, си заминала. Со ова на оштетената ѝ била нанесена штета од 15 000 денари.​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот