Потврдено е! Анџелина Џоли е идентификувана како лицето кое анонимно го нападна ФБИ

Фото: Профимедиа

Односот помеѓу поранешната „златна двојка“ на Холивуд, Анџелина Џоли и Бред Пит, е потурбулентен од кога и да е. Во странските медиуми со месеци се шпекулира дека холивудската актерка Анџелина Џоли е таа што анонимно ја покренала постапката против разузнавачката агенција ФБИ, а сето тоа поради случајот со расправијата и насилството во приватниот авион пред неколку години. Сега е утврдено дека под прекарот Џејн До, навистина била таа.

Џоли е идентификувана како анонимно претставената Џејн До, која во април оваа година покренала обвинение против разузнавачката агенција на САД, а сето тоа поради нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит.

Анџелина Џоли и Бред Пит/ Фото: EPA/IAN LANGSDON

Тужбата е поднесена според Законот за слобода на информирање, а жената барала информации „за истрагата на агенцијата за инцидентот со семејното насилство што се случи пред неколку години во кој жртви и сведоци беа тужителката и нејзините малолетни деца“.

Имено, Џоли покренала тужба под лажно име, наведувајќи дека истражната канцеларија на обвинителката одбила пристап до евиденцијата што се однесува на истражните наводи дека „тогашниот сопруг на жената… физички и вербално ги нападнал“ неа и нивните деца додека патувале со приватен авион пред неколку години“.

Освен тоа, Анџелина ја интересира како случајот е заклучен без никакви последици за Пит.

анџелина џоли медокс
Фото: Профимедиа

Да потсетиме, Џоли во 2016 година го пријавила поранешниот сопруг за насилство врз синот Медокс, а сето тоа се случило во текот на лет со приватен авион.

Дополнително, сега стана познато дека во обвинението било наведено дека во текот на целата расправија Пит во тој момент ја полил Анџелина со пиво и ѝ го повредил лактот.

Пит, исто така, наводно ја однел Џоли до задниот дел од авионот, ја фатил за раменици и ја тресел додека викал: „Го уништуваш ова семејство“.

Адвокатскиот тим на Бред ги негираше сите овие обвиненија.

По истрагата, ФБИ го ослободи Пит од секакви незаконски постапки во инцидентот, кој се случи во текот на летот со приватен авион, а бил под надлежност на федералната влада.

Instagram
Фото: Инстаграм

Анџелина Џоли поднесе барање за развод уште во 2016 година. Оттогаш Џоли и Пит водат битка за старателството над нивните шест деца, но се чини дека работите постојано дополнително се комплицираат.

Анџелина Џоли ќе изнесе нови докази против Бред Пит: Го обвинува за семејно насилство

 

Синот на Бред Пит и Анџелина Џоли сведочеше против татко му

Бред Пит конечно доби заедничкото старателство над децата – Анџелина Џоли ја продолжува правната борба

Синот на Бред Пит и Анџелина Џоли сведочеше против татко му

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот