Потрошиле скоро 1.5 милион фунти на храна и пијалоци: Откриена причината за казната на Ред Бул

Фото: EPA-EFE/JOSE MENDEZ

Минатата недела Формула 1 тимот на Ред Бул заработи казна од седум милиони долари затоа што го пречекорил дозволениот буџет воведен од Светската автомобилистичка федерација (ФИА).

Сега шефот на австрискиот тим, Кристијан Хорнер откри дека причината за казната била кетерингот.

„Во Ред Бул кетерингот секогаш се сметал за нешто што е однапред обезбедено во нашата групација, тоа е придобивка од работањето тука. Бесплатна храна и пијалоци секогаш има кај нас и тоа го сметавме за трошок што не влегува во годишниот буџет. Сепак, во ФИА гледале поинаку и ни кажаа дека и храната влегува во буџетот. Ние потрошивме 1.4 милион фунти за храна, пијалоци и кафиња“, изјави Хорнер.

Во изјавата Хорнер откри дека покрај пијалоците и храната причината што се надминал буџетот за три милиони се уште неколку ставки. Сепак, тие и во иднина ќе продолжат да се грижат за вработените на тој начин.

„Ние секогаш сме се грижеле за здравјето на нашите луѓе. Имавме членови на тимот кои долго време беа болни, па им ги плаќавме сметките за лекување. Тоа ќе продолжиме да го правиме и во иднина затоа што сите тука се поддржуваме како едно семејство“, потенцираше шефот на австрискиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот