Постигнат договор: Теодосиќ потпишува за Црвена Звезда

Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Mилош Теодосиќ и Црвена Звезда постигнале конечен договор за соработка, неофицијално дознава српски „Моцарт Спорт“.

Одличниот плејмејкер и вицешампион на Јадранската лига по неколку дена неизвесност конечно пронашле заеднички јазик за соработка со што е исполнета големата желба на црвено-белите.

Теодосиќ пристигнува со своето искуство и победнички карактер да и помогне на Звезда за што подобар пласман во Евролигата, но и враќањето на јадранскиот трон. Договорот е постигнат и се чека само официјализација.

Според информациите поранешниот капитен на Србија денес имал состанок и разговор со Душко Ивановиќ каде што ги договориле последните детали пред 36-годишниот ас да го каже конечното „да“ на Звезда.

Теодосиќ ќе биде трето засилување за Звезда ова лето, претходно пристигнаа Дејан Давидовaц и младиот центар, Марко Симоновиќ, но сигурно тука нема да биде крајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот