Последна шанса за да ја дознаеме вистината: СЗО формира нов тим кој ќе работи на потеклото на коронавирусот

Тедрос Аданом Гебрејесус
Тедрос Аданом Гебрејесус / Фото: EPA-EFE/SALVATORE DI NOLFI

Светската здравствена организација формира нова експертска група за тестирање опасни патогени, која, како што се проценува, е „последна шанса“ да се утврди потеклото на вирусот САРС-КоВ-2 и ја повика Кина да соработува со нив.

Првиот случај на ковид-19 кај човечката популација беше регистриран во кинескиот град Вухан во 2019-та година, и Кина отсекогаш ги негираше обвинувањата дека вирусот потекнува од нејзините лаборатории и рече дека посетите на службениците на СЗО повеќе не се неопходни.

СЗО назначи 26 членови на Научно -советодавната група за потеклото на новите патогени, меѓу кои Марион Копманс, Теа Фишер, Јанг Јунгуи, кинески експерт кој учествуваше во заедничката истрага во Вухан, пренесува Ројтерс.

Претставничката на СЗО, Марија ван Керхо, изрази надеж дека Кина ќе соработува со новата мисија и дека се потребни триесетина студии за да се утврди како вирусот преминал од животни на луѓе.

Водечкиот експерт на СЗО Мајк Рајан рече дека оваа нова група е последна шанса да се утврди потеклото на вирусот што „го запре целиот наш свет“.

Покрај коронавирусот, тимот ќе го испита потеклото на други патогени со висок ризик.

„Разбирањето од каде доаѓаат новите патогени е клучно за спречување на идните епидемии“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус.

Претходно, д -р Тедрос и други претставници на СЗО рекоа дека „не може да се исклучи лабораториска несреќа“ како потенцијален извор на пандемија.

Американски разузнавачи имаат тајни податоци од Кина, ќе го откријат потеклото на короната?

Теорија на дански шеф на СЗО: Нултиот пациент можеби бил лабораториски работник во Вухан, инфициран од лилјак

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот