Пошта иницира регионална соработка: Се очекува поголема ЕУ поддршка за модернизација и поквалитетни услуги

11 декември 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Меѓународниот поштенски сообраќај помеѓу Северна Македонија и Словенија, бележи зголемување за време на пандемијата и затоа е неопходна поблиска соработка помеѓу националните пошти во двете земји, констатирале на заедничката средба Јани Макрадули, генерален директор на Пошта и Амбасадорот на Словенија, Милан Предан.

-Има голем потенцијал и потреба од поголемо вложување во квалитетни меѓународни поштенски услуги, бидејќи растот на бројот на пратки и писма јасно покажува колку е голема потребата на граѓаните и бизнис-заедницата во двете земји. Поддршката од националната Пошта на Словенија ќе биде особено значајна и во пренесување на искуствата, за побрза модернизација на технолошкиот и процесот на дигитализација на Пошта – оценил Макрадули.

Во рамки на Стратегијата за подобрување на услугите и модернизација на работата на Поштата, реализирани се и други меѓународни средби за зајакнување на регионалната и ЕУ-соработка. Меѓудругото на средбата со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ, Макрадули, посочил, дека досега не биле реализирани формални заеднички активности помеѓу двете национални пошти и затоа е потребна поголема меѓусебна соработка. Од Пошта на Северна Македонијаза „Слободен печат“, информираат дека веќе се изготвени и писма на интерес за соработка, кои ќе се испратат до националните пошти на Хрватска и Словенија.

На средбата пак со раководителот на секторот за економски прашања, владеење на правото и јавна администрација при Делегацијата на ЕК, Фрејк Јанмат, биле презентирани и стратешките приоритети на Пошта за 2021 година, меѓу кои се финансиската стабилизација на компанијата, дигитализација и воведување е-трговија, спроведување на силна еко-компонента во работата на Пошта на Северна Македонија. Макрадули посочил дека очекува од партнерите во Делегацијата на ЕУ поддршка и за реконструкција на опожарената шалтер-сала која претставува архитектонската гордост на Пошта, но и на целата држава.

– Разговаравме и за можностите за вклучување во други проекти и TAIEX програмата во дел на поддршка на поштенските услуги – посочил Макрадули.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот