Португалија ја зголемува минималната плата, секој петти работник на „минималец”

Португалската Влада денеска го претстави предлогот за зголемување на месечната минимална плата за речиси шест отсто. Доколку предлогот биде усвоен од следната година минималната плата би била 635 евра, но и понатаму ќе биде една од најниските во западна Европа.

На почетокот на вториот мандат, во октомври, премиерот Антонио Коста вети дека до 2023 година ќе ја зголеми минималната плата за 25 отсто, односно на 750 евра.

Најголемиот португалски синдикат ЦТГП оцени дека зголемувањето на 635 евра е „недоволно”, тврдејќи дека земјата може да обезбеди и значително поголем раст на минималната плата, пренесува Хина.

Секој петти работник во Португалија прима минимална плата, а во несигурен работен однос лани биле 890.000 Португалци. Тука спаѓаат и нестандардните облици на вработување, вклучувајќи привремена работа и договори на определено време. ссм/

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот