Португалија иако во „локдаун” ќе избира нов претседател

epa08949262 An election official of the Municipality of Redondo holds voting ballots, in Redondo, Portugal, 19 January 2021. According to media reports, almost 13,000 people in quarantine, registered for early voting in Portugal's presidential election. EPA-EFE/NUNO VEIGA

Жителите на Португалија, кои главно се наоѓаат во своите домови поради строгиот „локдаун” воведен со цел да се спречи ширењето на Ковид-19 во земјата, денеска избираат нов претседател, но многумина стравуваат дека излегувањето на изборите би можело да го влоши растечкиот број на новозаразени од коронавирус, па затоа се очекува мала излезност.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека актуелниот претседател Марсело Ребело де Соуса од Социјалдемократската партија најверојатно лесно ќе победи на изборите за шеф на државата, кој главно има церемонијални задолженија.

Левичарската кандидатка Ана Гомеж е на второ место, според прогнозите, со 13,5 – 14,5 отсто поддршка од гласачите, а лидерот на десничарската популистичка партија „Доста”, Андре Вентура е трет со поддршка од 10 – 12,5 отсто.

Минатата недела во спроведена анкета на истражувачкиот институт ИСЦ/ИСЦТЕ, речиси две третини од испитаниците изјавиле дека изборите треба да се одложат поради пандемијата на Ковид-19. Но одложувањето на изборите би барало и промена на Уставот на земјата, за што официјални претставници изјавиле дека тоа не е можно во краток рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот