Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ направил журка на 15-ти кат во хотел во Загреб! Со кого Тони бил во луксузниот стан?

Фото: Инстаграм/Драгана Мирковиќ

Иако пред неколку дена на социјалните мрежи објави дека дошол пред замокот во кој живеел со Драгана Мирковиќ, нејзиниот наскоро поранешен сопруг Тони Бијелиќ, наводно, синоќа се забавувал во Загреб…

Регионалната ѕвезда Драгана Мирковиќ (56) неодамна шокираше со објавата дека се разведува од Тони Бијелиќ, по 24 години брак. Поранешните сопружници не живеат под ист покрив веќе три години, а Драгана останала да живее во прекрасниот замок Ебенфурт со нивните две деца.

Пред неколку дена Бијелиќ на своите социјални мрежи објави дека пристигнал пред влезот во самиот двор на замокот. Своето враќање во замокот Тони го проследил со песната „My Way“ во изведба Елвис Присли.

Како што неофицијално дознава хрватскиот портал „24сата“, Тони потоа се вратил во Загреб каде организирал дружење во претседателскиот апартман во еден луксузен загрепски хотел.

Меѓу гостите бил и загрепскиот дизајнер Ивица Скоко. Тој синоќа дошол со пријателката Милена и се качил на 15-ти кат, односно отишол во претседателскиот апартман.

Тој останал многу кратко и бил забележан како преку гаражата си оди дома со пријателката. Инаку, Скоко ја запознал Драгана преку Алка Вујица на снимањето на спотот на Боба Рајовиќ и Алка.

Драгана и Тони се венчаа во 2000 година, а во бракот добија две деца. Меѓутоа, по долги години брак, на љубовта изгледа ѝ дошол крајот.

Нови детали за разводот на Драгана Мирковиќ: Три години не живеат заедно, а нејзиниот сопруг веќе има нова девојка во Германија

Сопругот на Драгана Мирковиќ љуби 15 години помлада жена: Се запознале на концерт на пејачката

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот