Поранешната девојка на Метју Пери шокира со признанието: Tврди дека актерот користел дрога пред неговата смрт

Метју Пери на забава на „Џеј-кју“ / 17 ноември 2022 / Фото: Matt Baron/BEI / Shutterstock Editorial / Profimedia

Кејти Едвардс, поранешната девојка на неодамна починатиот Метју Пери тврди дека актерот имал криза пред неговата смрт и не прифаќа дека „само се удавил во сопственото џакузи“.

Таа ги посочи необичните објави на Пери на социјалните мрежи како доказ дека тој можеби повторно користел дрога, пренсува „Сан“.

„Има многу работи кои не ми се јасни. Не верувам дека само се удавил во џакузи, не ми звучи логичноГо познавам Метју и знам дека не можел само да се удави. Мислам дека можеби земал апчиња. Рекоа дека немало лекови против болки на местото на настанот, што не ме чуди. Тој беше параноичен и ги криеше сите, да нема докази“, вели таа за „Сан“.

Во последните објави, актерот се потпишал како Метман, што на бившата ѝ било сомнително.

„Бев со него кога се дрогираше, иако јас не се дрогирав. Секогаш кога ќе му кажев дека можеби треба да ја намали дрогата, тој ми велеше: ‘Не, јас сум Метман’“, изјави Едвардс.

„Беше опседнат со вода кога се дрогираше. Едно време неговиот сосед во Холивуд Хилс го најде Метју гол во базенот. Морав да одам таму и да го извадам од базенот на неговиот сосед. Тој постојано се дрогираше во вода“, продолжува таа.

Да потсетиме дека во документот, објавен од Институтот за јавно здравје во Лос Анџелес, кој е во сопственост на порталот „Блест“, се наведува дека причината за смртта на Пери е „сè уште непозната“ бидејќи се чека детална анализа на неговите токсиколошки наоди. Првите резултати покажале дека во неговата крв нема траги од недозволените супстанци фентанил и метамфетамин.

Објавена умреницата на Метју Пери, наведен чуден детаљ како причина за смртта

ВИДЕО | Обожавателите бараат да се отстрани една сцена од „Пријатели“: Тие ја предвидоа иднината на Метју Пери

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот