Поранешен член на ИО на ВМРО-ДПМНЕ со порака до партијата: Повикајте на масовно попишување, стравувам од најлошо можно сценарио

Никола Србов, доскорешниот член  на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, ја повика најголемата опозициска партија да започне со кампања и да го повика своето членство и симпатизери масовно да се попишува доколку не биде одложена статистичката операција.

Според историчарот, доколку се поддржи одредена форма на бојкот, тоа би значело намалување на бројот на етничките Македонци, што според него, тоа би било најлошо можно сценарио.

„На неколку денови пред почетокот на пописот, доколку истиот се одржи во предвидениот рок, стравувам дека одиме кон најлошото можно сценарио што и претходно го имам и кажано и напишано. Еден дел од Македонците ќе бојкотира, друг дел ќе се попише и ќе добиеме неверојатно погрешни бројки кои ќе бидат земени за валидни.

Во наредните денови остануваат само две опции: 1. Да се направи сѐ за пописот да биде одложен за идната година 2. Да се започне кампања за масовно попишување“, напиша Србов на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот