Порака од штрајк на италијанските лекари од општа пракса: Болниците, службата за итна помош и локалните служби во колапс

Фото: EPA-EFE/GIUSEPPE LAMI

Италијански лекари од општа пракса денеска почнаа штрајк со почитување на минималното работно време, посочувајќи дека локалните здравствени системи низ Италија се во колапс поради пандемијата од ковид-19.

Агенцијата АНСА пренесува дека лекарите од општа пракса и педијатрите наведуваат дека во оваа фаза од пандемијата, во колапс не се само болниците и службите за итни случаи, туку и локалните служби.

Тие бараат засилување на услугите од општа пракса во локалните области и вработување на голем број лекари од општа пракса, дежурни ноќни лекари, лекари во итните служби и казнено-поправните установи, како и на педијатри.

Штрајкот, со почитување на минималните услови за работа, го почнаа синдикатите во кои 45 отсто од членовите се лекари за општа пракса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот