Поради тешката ситуација со ковид-19: Пола Италија од понеделник под клуч

Фото: EPA-EFE/PAOLO SALMOIRAGO

Италијанската покраина Лацио околу Рим ќе оди под целосно „заклучување“ од понеделник, како што ќе биде и во, речиси, пола држава, по порастот на бројот на новозаразени лица со ковид-19, пренесува „Гардијан“.

Кабинетот на премиерот Марио Драги ја одобри предлог одлуката со која ќе се категоризираат региони што влегуваат во т.н. „црвена зона“, доколку неделно забележат повеќе од 250 инфекции на 100.000 жители.

Покрај Лацио, во целосен „локдаун“ од понеделник ќе одат и Ломбардија, Емилија-Ромања, Фриули Венеција-Џулија, Венето, Пиедмонт, Марка и провинцијата Тренто.

Кампања и Болцано веќе се наоѓаат во „црвена зона“, додека Абруцо, Калабрија Лигури, Молиса, Апулја, Сицилија и Долина Аосте остануваат во портокалова зона.

Италија го одредува степенот на ограничување во своите 20 покраини по четиристепен систем што е означен со бои – бела, жолта, портокалова и црвена, а се заснова на бројот на инфекции и се ревидира секоја недела.

Властите планираат за големиот христијански празник, Велигден да прогласат „црвена зона“ за целата земја и да ја воведат мерката на „заклучување“ поради тешката ситуација со ковид-19.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот