Помпео ги предупреди властите во Ирак: САД ќе ги штити своите државјани

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Помпео јасно предупредил дека „САД ќе ги штити и брани своите државјани кои се во Ирак“.

Шефот на американската дипломатија Мајк Помпео ги предупреди ирачките официјални лица дека САД ќе ги „штити и брани“ Американците, по нападот на амбасадата на САД во Багдад, пренесе „Б92“.

Помпео, во телефонски разговор со ирачкиот премиер во заминување Абдел Адбул-Махди и претседателот Бахрам Салих, рекол дека американските власти се одговорни за безбедноста на своите вработени како и за американските инфраструктури, се наведува во соопштението од Стејт департментот.

Помпео „јасно предупредил дека САД ќе ги штити у брани своите државјани кои се во Ирак“.

Неколку илјади Ирачани, припадници на проиранските паравоени сили, денес се собраа пред американската амбасада во Багдад и некои од нив успеаја да влезат во објектот, незадоволни поради американските воздушни напади во Ирак.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, оцени дека таа акција ја „режирале“ властите во Иран и побара од ирачките власти да ја заштитат амбасадата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот