Помпео: Доколку е потребно Трамп е подготвен да употреби воена сила

Фото: EPA-EFE/SHAWN THEW

Претседателот на САД, Доналд Трамп е подготвен да употреби воена сила ако биде потребно, изјави државниот секретар Мајк Помпео во синоќешното интервју за ТВ ЦНБЦ одговарајќи на прашање за кризата во односите со Турција.

– Ние повеќе сакаме мир од војна. Но, во случај да биде потребна „кинетичка акција” (еуфеминизам за активна примена на смртоносна воена сила) или воена акција треба да се знае дека претседателот Трамп во целост е подготвен да преземе таква акција – рече Помпео.

Помпео одби да каже која е „црвената линија” која би поттикнала американски воен одговор.

– Економска сила употребивме и сигурно ќе употребиме. Ги користиме и своите диполоматски сили. Тоа се нашите преференци – вели Помпео.

Стејт департментот одби да ја коментира изјавата на Помпео.

Кризата во билатералните односи Вашингтон – Анкара се интензивира по турската офанзива во северна Сирија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот