Полувреме: Фудбалерите го газат Гибралтар, покер голови за 45 минути

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Фудбалската репрезентација на Македонија има убедлива предност од 4:0 по првото полувреме против Гибралтар во рамки на четвртото коло од Лигата на нации.

Селекторот Милевски одлучи да направи седум измени за вечерашниот натпревар, а „црвено-жолтите“ доминираа од првата минута.

Мрежата на аутсајдерот во групата 4 во дивизијата Ц се затресе уште во четвртата минута кога Енис Барди погоди од слободен удар откако претходно еден од играчите на Гибралтар играше со рака.

Македонија продолжи да доминира на Националната Арена „Тодор Проески“ и за само две минути, Бојан Миовски кој доби предност пред Милан Ристовски, постигна два гола.

Миовски во 14 и во 16 минута два пати ја тресеше мрежата на Гибралтар за убедливи 3:0. Четвртиот гол го постигна Дарко Чурлинов во 31 минута.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот