Полските земјоделци ја прекинаа блокадата на еден од граничните премини меѓу Украина и Полска

Камиони заглавени на границата меѓу Украина и Полска / Фото EPA-EFE/DAREK DELMANOWICZ POLAND OUT

Полските земјоделци ја прекинаа блокадата на еден од граничните премини меѓу Украина и Полска, а движењето на камионите е целосно обновено, соопшти украинската гранична служба.

„Сообраќајот на камиони е обновен: полските земјоделци ја прекинаа блокадата пред преминот Медика-Шехини“, соопшти службата на апликацијата за пораки Телеграм во неделата.

Службата ја цитираше изјавата на полската гранична стража дека протестната акција пред преминот завршил во неделата.

„Регистрацијата и преминувањето на камионите кои влегуваат во Украина се врши како и обично“, се додава.

Полските фармери во саботата рекоа дека од недела ќе го прекинат протестот на преминот со Украина, но камионџиите ќе продолжат со блокадите на три други премини за Божиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот