Полски филмови со фокус на остварувања на режисерот Јержи Сколимовски

Програма на Недела на полскиот филм во Кинотеката

Во Кинотеката во Скопје, од 6 до 10 декември, се одржува Недела на полскиот филм со прикажување на филмови на режисерот Јержи Сколимовски. Полскиот режисер Јержи Сколимовски има кариера што трае повеќе од 60 години, а чии филмови од шеесеттите години на минатиот век се сметаат за најава на новите естетски тенденции во полската кинематографија.

– Полскиот режисер Јержи Сколимовски е легенда на полското и на европското кино. Токму во тоа ќе може да се уверат филмофилите, гледајќи ги неговите филмови во првата половина на месецов. Она што е за одбележување е проекцијата на, можеби, најценетиот филм на Сколимовски – „Рацете горе“, за товарот на сталинистичкото минато на Полска, забранет за прикажување во земјата цели 18 години – посочија од Кинотеката.

Во текот на петте вечери со полски филмови на програмата се „Ио“ (2022), „Белези на идентификација“ (1965), „Бариера“ (1966), „Лесна победа“ (1965) и „Рацете горе“ (1981), а сите проекции почнуваат во 20 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот