Половина жители на Лондон поверуваа дека „Вембли“ ќе биде претворен во печка за лазањи

twitter.com/F00tainment

Шегата на човек од Лондон е „вест на денот“ во Англија.

Веста која се појави во Лондон изминативе денови стана вистински хит, бидејќи многу наивни лондончани поверува дека е вистина.

Веста гласи: „Вембли“ наскоро ќе биде претворен во голема печка во која ќе се подготвуваат лазањи за најзагрозените жители на Лондон во време на рестрикциите кои се очекуваат поради ширењето на коронавирусот“.

Оваа неверојатна вест ги залуде лондончани кои поверуваа во оваа шега поради што мораше да се интервенира и Фудбалската федерација на Англија за да ги негира овие шпекулации.

Главен виновник за оваа лажна вест која покажа дека граѓаните на Лондон се наивни е 29-годишниот Били Меклин.

Неговата цел било со објавувањето на оваа неверојатна лажна вест да укаже на големиот број на дезонформации кои секојдневно се објавуваат на социјалните мрежи и во медиумите, а исто така сакаше и да ја намали напнатоста и стравот кои владеат кај населението поради пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот