
Полна, крвава Месечина: 9 октомври на овие два хороскопски знаци им носи финансиски крах
Еден од најзначајните астролошки настани оваа година нè очекува на 9 октомври – полната Месечина во Овен. Оваа полна Месечина се нарекува и „крвава Месечина“, поради специфичната боја што ја добива поради затемнувањето.
Препорачано
Крвавата Месечина е поинтензивна од која било друга, па може да почувствувате длабоко чувство на ослободување или шанса за нов почеток. Очекувајте емоционални и духовни промени, а исто така ѕвездите за повеќето луѓе подготвија неочекувани сознанија и бројни изненадувања.
Полната Месечина сигурно ќе биде енергетски многу тешка за сите знаци од Зодијакот, но на некои ќе им донесе повеќе проблеми и предизвици – Рибите и Водолиите на прво место, а нема најдобро да поминат ниту Лавовите, Раковите и Биковите. Астролозите исто така додаваат дека овој период ќе ги погоди Близнаците, Вагите, Скорпиите и Стрелците.
Но, за Рибите и Водолиите ова дефинитивно ќе бидат најтешките денови.
Риби
На Рибите лошо ќе влијае негативната финансиска ситуација – можно е да им доцни платата или да им недостасува исплатата за која биле сигурни дека доаѓа или да мора да платат некоја неочекувана казна… Ова ќе биде период во кој сигурно ќе имате големи и неочекувани трошоци. Исто така, очекувајте конфликти и расправии со блиски луѓе, роднини, партнер, вашите деца… Бидете многу внимателни во изјавите и постапките, тешко ќе го вратите мирот.
Водолија
Посебно водете сметка во врска со документацијата, администрацијата и документите. Може да се случи да згрешите при пополнување важни документи или да изгубите некој документ или да не ви стигне навреме. Може да се случи да немате возачка дозвола кога ќе ве запре полицијата. Во секој случај, сигурно е дека ве очекуваат проблеми со документи или важни хартии и договори. Исто така, ова е период во текот на кој ќе бидете исклучително вознемирени и во кој повеќето од вашите планови ќе се изјаловат.