Политичките превирања ја забавуваат турската економија

Фото: EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Турската економија изгуби дел од својот интензитет во третиот квартал, поради политичката неизвесност и зголемениот страв од враќањето на санкциите од страна на САД.

Бруто домашниот производ на земјата се зголеми за 0,4% во однос на претходните три месеци според сезонски прилагодените податоци, што претставува намалување од 1% во однос на периодот април-јуни, според „Туркстат“.

Просечната прогноза во студијата на „Блумберг“ е зголемена за 1,1%. На годишна основа, БДП-то се зголеми за 0,9%, што е прво зголемување за годината.

Тримесечното забавување во голема мерка се должи на падот на растот на побарувачката. Потрошувачката на домаќинствата за стоки и услуги, најголемиот мотор во Турција, се зголеми за 1,9% од година во година, што е намалување за 3,4% од април-јуни. Растот на државните расходи падна од 2,2% на 1,2% во истиот период.

Извештајот за БДП-то покажува дека централните банкари сè уште се соочуваат со тешка битка, обидувајќи се да ја стимулираат економијата, која претходно оваа година излезе од рецесија по валутната криза во 2018 година. Економските податоци, како што е индустриското производство, покажуваат дека економијата повторно е во пораст, потпомогната од стимулот од централната банка. Но, изгледите за санкции од страна на САД, како и политичките превирања по изборите во општините, влијаеја на довербата на потрошувачите и на деловните активности.

– Сето тоа се сведува на доверба – коментира Пјотр Матис, стратег во „Рабобанк“ во Лондон.

– Додека корпорациите се склони да инвестираат, а домаќинствата не ги зголемуваат своите расходи заради стравувањата дека лирата повторно може да изгуби од вредноста, како одраз на рекордни високи депозити во долари, постигнувањето на целите на владата ќе биде сложена задача – додаде тој.

Според кварталниот извештај на БДП-то третиот квартал, растот е воден од побарувачката. Потрошувачката на домаќинствата се зголеми за 1,5%, а државната потрошувачка за 7% на годишно ниво. Во исто време, извозот се зголеми за 5,1% на годишна основа, што е под пријавените 8,1% во вториот квартал. Увозот скокна за 7,6%, што претставува намалување од 17% во однос на претходниот квартал.

Тоа што треба да ги задржи под притисок централните банкари е намалениот поврат на надворешно-трговската размена на Турција.

Драмата околу турско-американските односи продолжи да ги загрижува инвеститорите откако претседателот Реџеп Таип Ердоган реши да купи модерен ракетен одбранбен систем од Русија. Личниот договор на Ердоган со американскиот претседател Доналд Трамп ги поштеди санкциите на Турција поради договорот за вооружување, но американските конгресмени веројатно ќе бараат казнена мерка, откако Турција минатата недела започна со тестирање на елементи на рускиот систем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот