Полициско насилство врз медиумите на протест во Атина

 За уште еден случај на полициско насилство врз вработени во медиумите, со седум повредени во неиспровоциран напад од полицајците за време на синоќешниот протест во Атина, обвинуваат преку соопштение од Здружението на фоторепортери на Грција заедно со Здружението на странски дописници во Грција и со поддршка од Здружението на новинари, јави дописничката на МИА од Атина.

Паралелно ја повикуваат Владата да ги информира дали ветувањата што ги дала „за квалитетот на јавниот дијалог, нејзината поддршка за жртвите на насилство (#metoo) и уверувањата за слободата на медиумите се само празни зборови”.

-Кој е „квалитетот” на јавниот дијалог кога вработените во медиумите континуирано се напаѓаат и заплашуваат од државните органи во униформа? Може и мора да се даде наредба, овие појави да запрат. Може и мора да има последици за униформираните кои очигледно фоторепортерите ги гледаат како „плен” во игра која е крајно опасна за демократијата. Недвосмислено ги осудуваме овие практики кои станаа „навика”, соопштуваат од здруженијата.

Дополнително, нивните обвинувања за полициско насилство ги поткрепуваат со видео и фотографии од вчерашниот протест организиран од поддржувачите на осудениот терорист од организацијата „17 Ноември” кој веќе 50 дена штрајкува со глад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот