Полицијата во Мадрид пиштолите со вистински куршуми ќе ги замени со електрични

Мадридската полиција ќе ги замени пиштолите со вистински куршуми со електрични, по препорака од бројни меѓународни ерганизации за заштита на човековите правса.

Ова го објави вчера градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида.

Градската полиција во наредните недели се очекува да добие 200 црно-жолти пиштоли од типот „Тeјзер“ во наредните недели, што е оружје кое предизвикува електрошокови.

Тоа влијае врз нервниот систем на луѓето и животните, привремено парализирајќи ги привремено мускулите, главно во рацете и нозете.

„Кога ќе има потреба од примена на сила, таа ќе биде колку што е можно поограничена“, изјави за новинарите Имакулада Санц, портпарол на одделот за безбедност во градот. Таа рече дека градот ќе одвои околу 500.000 евра за оваа набавка.

„Се надеваме дека полицајците ќе добијат вакви пиштоли што е можно поскоро. Нивната употреба ја препорачуваат многу меѓународни организации за човекови права во кои членува Шпанија“, додаде таа и истакна дека овие пиштоли имаат и камера за снимање на полицициските интервенции.

Сепак ваквата мерка не значи дека пиштолите со вистински куршуми во целост ќе престанат да се користат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот