Полицијата и наркокартелите регрутираат деца во Мексико

Фото: EPA/MIGUEL SIERRA

„Бандите имаат проблем да најдат„ војници“, така што регрутираат деца и млади кои ги вооружуваат“, рече мексиканскиот претседател Лопез Обрадор.

Еден ден откако беше објавено дека деца од осум години „се регрутираат за вооружени одбранбени патроли“, претседателот на Мексико изјави дека наркокартелите исто така врбуваат мали деца за своите активности.

Во Мексико во тек е расправа околу употребата на деца во вооружени судири, а групите за заштита на човекови права укажуваат дека таквата пракса не само што ја загрозува безбедноста на децата, туку и нивното ментално здравје.

Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор рече дека со оглед на тоа што социјалните програми им даваат на младите повеќе можности да учат или да работат, наркокартелите имаат проблеми со наоѓање луѓе, па затоа почнуваат „да регрутираат деца“.

– Бандите имаат проблем да најдат„ војници“, така што регрутираат деца и млади кои ги вооружуваат, рече Лопез Обрадор.

Прашањето беше покренато кога група граѓани од јужно Мексико јавно прикажа деветнаесет вооружени и маскирани деца, кои биле регрутирани како „полиција“ која ја чува таа заедница од наркобанди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот