Поголемиот дел од Американците бараат Трамп итно да биде сменет

EPA
Фото: EPA-EFE/Doug Mills / POOL

Дури 57 отсто Американци сметаат дека претседателот Доналд Трамп треба да биде сменет веднаш, по протестите оваа недела, кои се претворија во насилство на Капитол.

Анкетата на Ројтерс покажа и дека седум од 10 гласачи кои гласале за републиканскиот претседател го осудиле однесувањето на екстремните приврзаници на Трамп кои упаднаа во Конгресот, каде се разгледуваше потврдата за победата на демократот Џозеф Бајден на претседателските избори.

Речиси 70 проценти од учесниците во анкетата изјавиле дека не се согласуваат со однесувањето на Трамп пред немирите во средата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот