Погледнете што остави зад себе ЗЕМЈОТРЕСОТ во ДРАЧ и ГОЛЕМ (ВИДЕО)

Принтскрин

Албанската телевизија Топ Чанел денеска преку неколку видеозаписи ги отслика последиците што ги остави големиот земјотрес во Драч и Голем, места многу познати по убавото крајбрежје.

Во едната од снимките се гледа неколкукатна зграда во секторот „Илирија“ на плажата во Драч, која е оценета како непогодна за живеење, поради штетите од земјотресот кој се случи на 21 септември, а беше со магнитуда од 5.8 степени според Рихтер.

Зградата е градба од последната декада и е опкружена со блок ленти, за да се избегне влезот во неа, како и од можните штети поради постојаното паѓање на фасадата.

Целата зграда претрпе значителни штети внатре и надвор, а жителите се сместени кај блиските роднините и куќите за одмор на министерствата кои се наоѓаат во месноста „Плепа“.

Истиот медиум пренесе и друг видеозапис од Голем, во кој се гледаат дел од оштетените домови кои се од поновата и постарата градба. Во домот на Еќрем Абдишај, во селото Тилај на админитративната единица Голем, собата има веќе три пукнати ѕидови, а четвртиот ѕид веќе паднал.

– Тука живеам 35 години. Бев внатре во кујна и почуствував потрес, станав и се држев за вратата, потоа слушнав силен звук, фала богу сите сме живи – вели Еќрем.

– Се надевам дека државата ќе ја стави раката на срце и за нас, за да живееме како сите луѓе – вели пак Хамиде.

Земјотресот што се смета за најголем во последните 30 години во Албанија, зад себе остави повеќе од 1.900 оштетени домови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот