Поетска награда: „Дон Луиџи де Лиегро“ за Наташа Сарџоска

Македонската поетеса Наташа Сарџоска е единствената авторка од странство која ја доби специјалната награда за поезија „Дон Луиџи де Лиегро“ за посебни заслуги за поетско творештво на италијански јазик во Рим, Италија.

Комисијата предводена од книжевните критичари, теоретичари и поети Мануел Коен, Ренато Фјорито, Лука Бенаси, Ана Марија Курчи, Фламинија Кручани, Рафаела Фацио и Микела Ѕанарела, покрај песните на десетина други италијански поети и поетеси, ги наградија и необјавените песни на Сарџоска напишани на италијански јазик. Сите наградени песни се објавени во антологијата на издавачката куќа „Тера д’Уливи Едициони“.

Оваа награда се доделува веќе девет години и е под покровителство на Фондацијата „Дон Лиегро“, Владата на Италија, Општината на градот Рим, Регионот Лацио, а годинашното издание се одржа во палатата „Пасарини Филети“ под покровителство на Претседателот на Италија, Серџо Матарела.

Наградата го носи името на Дон Луиџи де Лиегро, италијански свештеник, презвитер, хуманист, филантроп и активист, кој бил основач на Каритас Диочезана во Рим, каде што реализирал бројни проекти за економска реконструкција на објекти, прифатилишта, мензи, домови за сиромашни луѓе, како и социјални прифатни центри за бездомници и се борел против секаков вид на дискриминација, исклучување и страв од туѓинците и за радикална одбрана на човекот.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 50, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 26-27 септември 2020)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот