Под притисок на зголемен број на случаи на ковид-19: Министер за здравство на Чешка поднесе оставка

Фото: brnodaily.com

Министерот за здравство на Чешка, Адам Војтех денеска поднесе оставка поради критиките за справување со здравствената криза по зголемувањето на случаите на ковид-19 во земјата.

Премиерот Андреј Бабиш се заблагодари на Војтех за неговата работа. Бабиш на Твитер објави дека Војтех можеше да биде запаметен како најдобриот чешки министер за здравство, доколку не мораше да ја потроши целата своја енергија во борбата со коронавирусот.

Чешка има второ најголемо зголемување на бројот на заболени од коронавирус во Европа по Шпанија. Чешка пред летото ги укина сите воведени мерки за време на првиот бран на коронавирусот во земјата.

Во изминатите две недели, Чешка регистрира 193 случаи на 100.000 луѓе, информира Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот