Почнува втората филмска недела во летното кино на МСУ

Кино МСУ ја продолжува својата летна филмска програма. Од 26 до 28 јули љубителите на филмската уметност ќе може да уживаат во три извонредни филмски остварувања.

Се работи за три документарни филмови, кои во изминатите години беа прикажувани и наградувани на најзначајните филмски фестивали низ светот. Сите филмови ја обработуваат жешката тема – Украина.

На 26 јули се прикажува документарниот филм „Земјата е сина како портокал“ (Украина, Литванија / 2020 / 74’) на Ирина Цилик, кој ја прикажува приказната за самохраната мајка Ана и нејзините четири деца. Тие решаваат да снимат филм за војната во воената зона во Донбас во Украина.

Проекцијата на „Дождов никогаш нема да запре“ на Алина Горлова е на 27 јули. Од сириската граѓанска војна до конфликтот во Украина, постоењето на протагонистот Андриј е одредено од навидум вечниот тек на животот и смртта.

Програмата ќе биде заокружена со „Далечниoт лаеж на кучињата“ на Симон Леренг Вилмонт на 28 јули. Десетгодишниот Олег живее во селце во источниот дел на Украина, претворен во воена зона во која често одекнуваат бомби и проектили. Филмот сведочи како детската невиност исчезнува под звукот на гранатите, но и дека блиските врски, иако кревки, се клучни за да се преживее.

Проекциите се бесплатни и започнуваат од 21 часот, на отворено – на тремот во МСУ. Капацитетот е 60 седишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот