Почнува Европското првенство за одбојкари: Македонија во среда стартува против Данска

фото: Одбојкарска федерација на Македонија

Денеска и официјално ќе почне 33 Европско првенство за одбојкари со натпреварот од групата „А“ помеѓу репрезентациите на Белгија и Италија од 21.00 часот.

Континенталниот собир ќе се одржува во четири земји, во Италија, Македонија, Бугарија и Израел од 28 август до 16 септември.

Најдобрите македонски одбојкари предводени од селекторот Јошко Миленкоски своите мечеви од групата „Ц“ ќе ги играат во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Завршија подготовките, а првиот дуел ќе го имаат в среда (30 август) од 20.00 часот против Данска.

Повеќе информации околу цените на влезниците за натпреварите на ЕП на следниот линк ТУКА

Распоред на натпревари:

30.08.2023 Македонија – Данска 20.00 часот
02.09.2023 Македонија – Црна Гора 20.00 часот
03.09.2023 Македонија – Полска 20.00 часот
05.09.2023 Македонија – Холандија 17.00 часот
06.09.2023 Македонија – Чешка 20.00 часот

Европско првенство 2023 одбојка (мажи)

Група „А“: Италија, Швајцарија, Србија, Германија, Белгија, Естонија
Група „Б“: Бугарија, Финска, Словенија, Украина, Хрватска, Шпанија
Група „Ц“: Македонија, Црна Гора, Полска, Холандија, Чешка, Данска
Група „Д“: Израел, Романија, Франција, Турција, Португалија, Грција

Првопласираните четири репрезентации од секоја група ќе се пласира во осминафиналната фаза, а нашата група вкрстува со групата „А“. Во осминафиналето првопласираниот од групата А ќе игра против четвртопласираниот од групата Ц и обратно, а второпласираниот од групата А со третопласираниот од групата Ц и обратно.

Осминафиналните и четвртфиналните натпревари ќе се играат во Бари (Италија) и Варна (Бугарија), а полуфиналните мечеви, дуелот за бронзата и финалето ќе бидат организирани во Рим (Италија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот