Почна Ол-стар викендот: Вембањама остана без МВП, „Ѕвезда во подем“ е Бенедикт Матурин

фото: EPA-EFE/BRIAN SPURLOCK

Започна 73 „Ол стар“ викенд во НБА лигата, а за прв пат по 39 години во Индијанаполис. И тоа со изненадување во конкуренција на „дебитантите“, бидејќи Виктор Вембањама, според сите најдобриот „дебитант“ во сезоната, не стана МВП на „Ѕвезда во подем“, туку таа заслужена награда му припадна на кошаркарот на Индијана, Бенедикт Матурин.

На натпреварите на „Ѕвездите кои доаѓаат“ играчите беа измешани во четири екипи чии тренери беа Џејлен Роуз, Детлеф Шремф, Пау Гасол и Тамика Кечингс, а се играше по системот: во полуфиналето „кој прв до 40 поени“, во финалето „кој прв до 25“. Се започна со баскет мечевите „3х3“.

За тимот на Пау Гасол настапи првиот кандидат за дебитант на годината, Виктор Вембањама, а тимот на легендарниот Шпанец веќе беше поразен во полуфиналето од тимот на Шремф со 41:36.

Подоцна, во финалниот меч, „Тим Роуз“ победи против „Тим Шремф“ со 26:13 и го освои турнирот, а престижното признание МВП го освои играчот кој беше домаќин на Ол-стар викендот, Индијана Пејсерс – Бенедикт Матурин.

Канаѓанецот одигра одлична партија во полуфиналниот меч и постигна 18 од 40-те поени на својот тим, трасирајќи го патот до освојување на вредната индивидуална награда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот