Почина уште еден повреден во судирот кај Ростуше

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза" - Скопја.

Во несреќата, на лице место животот го загубил возачот на патничкиот автомобил, додека еден од сопатниците им подлегнал на повредите во болница. Останатите двајца сопатници во автомобилот исто така се здобиле со тешки телесни повреди.

Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против едно лице, државјанин на Република Србија, поради сомненија дека сторил кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.

Осомничениот на 13 април управувал со товарно возило МАН со полуприколка со српски регистарски ознаки на регионалниот пат Маврови Анови – Дебар. Во близина на Ростушки мост не ја прилагодил брзината на условите на патот, па на влажиот коловоз изгубил контрола врз камионот и се извртел. Притоа, полуприколката преминала на спротивната сообраќајна лента и удрила во патничко моторно возило „Хундаи акцент“ со скопски регистарски ознаки кое се движело во спротивен правец.

Во несреќата, на лице место животот го загубил возачот на патничкиот автомобил, додека еден од сопатниците им подлегнал на повредите во болница. Останатите двајца сопатници во автомобилот исто така се здобиле со тешки телесни повреди.

Со цел да се спречи осомничениот да ја напушти државата, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за негово обезбедување во текот на кривичната постапка.​​

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот