9.2 C
Скопје

Почина славниот бугарски кардиохирург д-р Александар Чирков

Познатиот бугарски кардиохирург проф. д-р Александар Чирков почина утрово во Варна на 82-годишна возраст, објави БТВ.

Професорот синоќа не се чувствувал добро и негов пријател го нашол мртов во хотелската соба во Варна каде што живеел, објавија медиумите според кои професорот не бил болен од ковид.

Прочуениот кардиохирург ја изврши првата трансплантација на срце во Бугарија во далечната 1986 година.

Од неговата биографија се издвојува и тоа што специјализирал кај познатиот кардиохирург, професор Бихлер во Западен Берлин во 1966 година, и бил лекар во тамошната Универзитетска болница, а потоа се префрлил во Западна Германија – на Универзитетот во Франкфурт на Мајна и на Универзитетот во Фрајбург, каде што е професор од 1981 година.

Во 1984 година се вратил во Бугарија, поканет од академик Атанас Малеев, ректор на Медицинската академија и заменик министер за здравство. Беше основач и долги години директор на болницата Светаи Катерина во Софија.

Прочитајте и...  Министерство за здравство: Не постои илегална вакцинација, опозициската партија шири лажни вести

Поврзани вести

Симптоми на новиот вид на коронавирус: Еве по што се разликува

Слободен печат

Фаучи: Тешко е да се оствари целта на Бајден од 100 милиони вакцинации во првите 100 дена

Слободен печат

Над 800 новозаразени во Албанија, пет лица починаа – меѓу нив и 26-годишен пациент

Слободен печат

Мило Ѓукановиќ е реизбран за претседател на ДПС

Слободен печат

Маричиќ: Сегашната законска рамка дава простор да се испитува потеклото на имот

Слободен печат

ВИДЕО: Полицијата со водени топови ги растеруваше демонстрантите во Холандија, уапсени се 25 лица

Слободен печат

Остави Коментар