Почина работник за време на Светското првенство во Катар, отворена е истрага

Фото: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Во Катар се отвори истрага за безбедност при работа по смртта на работник кој починал за време на тренинг на Светското првенство.

Од самиот почеток Катар е критикуван за односот кон работниците, а ова е само уште еден дополнителен аргумент на критичарите. Веста за смртта ја потврди извршниот директор на СП Насер Ал Катер за „Ројтерс“. Тој не откри детали и потенцираше дека смртта е природен дел од животот.

„Смртта е дел од животот, без разлика дали ќе ви се случи додека сте на работа или дома. Ние сме на средина од Мундијалот и имаме успешно Светско првенство. И вие сега сакате да зборуваме за ова?“, гласеше краткото обраќање на Насер Ал Кетер.

Меѓутоа подоцна од Катар најавија дека ако истрагата покаже дека безбедносните протоколи не биле запазени, компанијата ќе биде казнета.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот