Крвави стадиони во Катар, загинале дури 1.400 работници

Откако успеа да ги победи САД во трката за организацијата на СП 2022 година, челниците на малата земја пребогата со нафта, беа обвинети дека со корупција и со уцени успеале да ја добијат организацијата на Мундијалот.

Следна беше идејата на ФИФА да го зголеми бројот на земји учесници но поради незаинтересираноста на земјите соседи да помогнат во организацијата, и таа идеја пропадна.

Затоа пак , откако почна изградбата на стадионите на кои ќе се играат натпреварите од СП, не престанаа обвинувањата за бруталните услови со кои се соочуваат работниците кои претежно се од сиромашните азиски земји како Виетнам, Лаос, Непал, Пакистан….

Неодамна излегоа застрашувачки информации колку е брутална организацијата доколку се мисли само на профитот, а се занемарува човечкиот живот.  Документарниот филм „Заробени во Катар“ кој е во германска продукција изнесе на виделина фрапантни податоци, утврдено е дека при изградбата на стадионите ширум Катар загинале дури 1.400 работници, претежно од Непал.

Како главна причина за големиот број на смртни случаи се наведуваат несреќите при работа и катастрофалните услови за живот на самите работници. Иако оваа информација ја пренесоа и медиумите во арапските земји, засега шеиците на Катар не сносат никакви последици и постојано негираат дека дури 1.400 работници загинале додека трае изградбата на стадионите.

„Модерните робови“ кои ги градат стадионите во Катар не можат да се справат со пеколните температури

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот